Apple го отвора својот прв центар за обука во Европа

20

254751-640Технолошкиот гигант Apple го отвора својот прв центар за обука на програмери во Европа – iOS App Development Center, којшто ќе биде лоциран во Неапол, Италија, пишува Venturebeat.

Според компанијата, центарот ќе им пружи поддршка на професорите и ќе понуди специјализирани наставни програми што ќе придонесат за создавање на кадри кои во иднина ќе станат дел од просперитетната заедница на Apple. Компанијата ќе соработува и со други партнери од земјата што веќе нудат ваква обука.

Apple веќе има еден ваков центар во Бразил и има намера да ја прошира својата програма и во останатите земји од светот. Иако нема потвредено датум, следна земја каде ќе се отвори ваков центар е Индонезија.