Apple го претстави најновиот iPhone 12

52

Компанијата Apple го претстави најновиот iPhone 12 што има поддршка за супер брза 5G мрежа, пренесува Ројтерс.

iPhone 12 има екран од 6,1 инчи, сличен на iPhone 5, освен што има рамни, а не заоблени рабови. Неговата mini верзија, ги има истите карактеристики, освен димензиите, бидејќи неговиот екран има 5,4 инчи.

Овие модели на телефони имаат керамичко заштитно стакло, што е отпорно на кршење во случај на пад. Она што нема да им се допадне на новите корисници на iPhone е тоа што во пакувањето нема да има полнач и слушалки.

Неговата основна цена е 799 долари, додека mini верзијата е по цена од 699 долари.

Фото: Twitter