Apple и Amazon треба да платат повеќе од 200 милиони евра казни во Италија

90

Италијанскиот регулатор денеска ги казни американските технолошки гиганти Епл (Apple) и Амазон (Amazon), тврдејќи дека со изборот на продавачи на дигиталната платформа ја ограничуваат конкуренцијата во цените на некои производи на Епл.

Според договорите од 2018 година на само одредени трговци на мало им е дозволено да ги продаваат производите на Епл и Битс (Beats) на Амазон, со што се прекршени регулативите на Европска Унија и ја ограничува конкуренцијата на цените.

Затоа Амазон е казнет со 68,7 милиони евра, а Епл со 134,5 милиони евра, а двете компании мора да ги укинат ограничувањата и да им дозволат на сите продавачи на оригинални производи на Епл да ги продаваат на Амазон.ит.

– За да се увериме дека нашите клиенти купуваат оригинални производи, ние соработуваме со нашите партнери-препродавачи и ангажиравме тимови на експерти ширум светот кои работат со полицијата, царината и трговците на мало за да продаваат само автентични производи на Епл, се наведува во соопштението од Епл, при тоа истакнувајќи оти не ги прекршиле прописите за рамноправна конкуренција.

Додека Амазон соопшти дека не се согласува со одлуката на италијанскиот регулатор, тврдејќи дека неговата казна е „несразмерна и неоправдана“.

– Го отфрламе сугестијата дека Амазон има корист од исклучувањето на препродавачите од … трговијата бидејќи нашиот бизнис модел се заснова на нивниот успех. Благодарение на договорот, клиентите во Италија можат да ги најдат најновите производи на Епл и на Битс во нашата продавница, а на располагање им е каталог со повеќе од двојно повеќе производи, подобри цени и побрза испорака, се посочува во соопштението на Амазон.