Apple и Hermès заедно креираа нова верзија на постоечкиот паметен часовник од Apple, пишува Luxuo.
Луксузниот часовник ќе биде пуштен во продажба на петти октомври, а истиот ќе биде совршен спој на двата бренда – оригинална кожа и најсовремена технологија.
Hermès часовникот ќе доаѓа во три варијанти со не’рѓосувачки челик со единечно, дупло каивче и механизам на манжетна. Каивчињата ќе бидат достапни во неколку бои, а цената на часовникот ќе се движи од 1.100 до 1.500 долари.
За покажување на времето Apple адаптираше три фонтови што Hermès долго време ги користи на своите часовници. Кога часовникот го покажува интерфејсот на Hermès логото и името на Apple не се гледаат.
За Apple пак Hermès часовникот е голем чекор кон приближување кон луксузните додатоци.
За да се креира паметниот часовник со доза на луксуз од компанијата беа најмени дизајнерот Марк Њусон и извршни директори од Burberry и Yves Saint Laurent.