Apple и Hermès создадоа нов луксузен часовник

25

Apple-Watch-Hermes-600x411Apple и Hermès заедно креираа нова верзија на постоечкиот паметен часовник од Apple, пишува Luxuo.

Луксузниот часовник ќе биде пуштен во продажба на петти октомври, а истиот ќе биде совршен спој на двата бренда – оригинална кожа и најсовремена технологија.

Hermès часовникот ќе доаѓа во три варијанти со не’рѓосувачки челик со единечно, дупло каивче и механизам на манжетна. Каивчињата ќе бидат достапни во неколку бои, а цената на часовникот ќе се движи од 1.100 до 1.500 долари.

apple-launch-6-9sep15-pa_b

За покажување на времето Apple адаптираше три фонтови што Hermès долго време ги користи на своите часовници. Кога часовникот го покажува интерфејсот на Hermès логото и името на Apple не се гледаат.

За Apple пак Hermès часовникот е голем чекор кон приближување кон луксузните додатоци.

За да се креира паметниот часовник со доза на луксуз од компанијата беа најмени дизајнерот Марк Њусон и извршни директори од Burberry и Yves Saint Laurent.