Apple и Swatch заеднички работат на iWatch?

59

casovnik i telefon

Компанијата Apple наводно соработува со барем еден производител на рачни часовници, а тоа е швајцарскиот производител Swatch, за да можат заеднички да направат линија на паметни рачни часовници во различни облици и цени, јавува порталот Venture Beat.

Додека вниманието е насочено кон еден или двата часовници iWatches со потписот на Apple, овој технолошки гигант развива соработка со партнерите за проширување на бизнисот со производство и продажба на рачни часовници.

Досегашните неофицијални информации беа поврзани со еден или два модела на паметни часовници на Apple, но наводно компанијата сега планира да издаде цела линија на рачни часовници кои би требало да ги задоволат вкусовите на различните видови на корисници.

Некои извори тврдат дека Apple соработува и со Timex со цел да лансираат еден или повеќе видови на часовници. Имено, Timex веќе има своја линија на часовници – Ironman, кои би можеле да бидат компатибилни со часовните на Apple, кои наводно ќе имаат интегрирано голем број биометриски сензори.

Во овие информации се вклопува и неодамнешното вработување на поранешното вработување на поранешниот потпретседател на TAG Heuer, Патрик Пруно, и главниот извршен директор на Burberry, Енџел Ахренд.

Но, Apple би требало да производе и линија на рачни часовници под свое име, кои ќе се понудат независно од останатите часовници кои ги нудат партнерите на компанијата.