Apple им забрани на вработените да користат ChatGPT

89

Apple им забрани на своите вработени да користат ChatGPT, најмногу поради стравот од протекување на чувствителните податоци на компанијата и фактот дека споменатиот четбот се повеќе се интегрира во алатките на Microsoft, пишува The Wall Street Journal.
Иако оваа вест доаѓа прилично ненадејно, тоа не е толку необично. Имено, репортерот и аналитичар на Блумберг, Марк Гурман, неодамна на Твитер објави дека ChatGPT со месеци е на списокот со ограничен софтвер на Apple.

„Верувам дека ChatGPT е забранет или ограничен софтвер во Apple веќе со месеци“. „Очигледно, објавувањето на ChatGPT на iOS повторно го прави ова релевантно“, напиша Гурман.

За потсетување, ChatGPT неодамна е достапна како официјална мобилна апликација на iOS. Може да се преземе бесплатно на App Store, а како што неодамна напишавме во нашата статија, наскоро ќе биде достапен и на Android.