Apple ја има Сири, Microsoft ќе ја добие Кортана

75

cortana

Оперативниот систем Windows Phone 8.1 ќе вклучува и виртуелен личен асистент, Кортана, пишува The Verge.

Кортана е кодното име за гласовно оперирање со новите Windows паметни телефони. Виртуелниот асистент ќе ги слуша наредбите на корисникот и ќе одговара, па дури и ќе ги предвидува нивните прашања благодарение на вештачката интелигенција. Кортана е инспирирана од видео играта Halo, но наместо женска фигура, ќе биде кружна анимирана икона.

Виртуелниот советник ќе користи податоци од Bing, Foursquare и останати сервиси за да му дава упатства на корисникот.

Овој амбициозен проект ќе биде претставен во април.