Apple ја отвора првата продавница во Дубаи

14

apple-store-dubaiApple се подготвува да ја отвори својата прва продавница во Дубаи, а воедно и најголемата досега под знакот на брендот. Продавницата ќе се наоѓа во трговскиот центар Mall of the Emirates, пишува Khaleej Times.

Просторот наменет за Apple store ќе се протега на површина од 4.600 метри квадратни, а истата се очекува да биде отворена во август.

apple-store-5th

Во ново отворениот трговски центар Yas Mall во Абу Даби се очекува да биде сместена и втората продавница на компанијата во ОАЕ, каде iPhone е на второ место веднаш после Samsung во однос на продадени уреди.

Во 2011 Apple ја лансираше својата прва онлајн продавница во Емиратите. Производите на компанијата веќе се продаваат преку овластени препродавачи на околу 100 локации низ Дубаи, вклучувајќи ги и сите терминали на Меѓународниот аеродром во градот.