Apple ја претстави серијата телефони iPhone 14 – кои се цените

82

По неколку месеци следење на бројните гласини и шпекулации за новата генерација телефони, Apple синоќа официјално претстави четири модели од серијата iPhone 14.

Беа претставени четири нови iPhone-и: iPhone 14, iPhone 14 Plus, iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max. Стандардните модели на iPhone најмногу наликуваат на минатогодишниот дизајн, додека моделите Pro носат неколку интересни дизајнерски решенија.Во моделите iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max, вообичаениот исечок е заменет со издолжен отвор на екранот, каде што се наоѓаат сензорите и селфи камерата. Apple го нарекува овој систем Dynamic Island и има можност за прикажување приспособени известувања и предупредувања.

Што се однесува до дисплеите, iPhone 14 и iPhone 14 Plus имаат OLED екрани од 6,1 и 6,7 инчи со стапка на освежување од 60 Hz. Од друга страна, iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max имаат и OLED екрани од 6,1 и 6,7 инчи, но со променлива стапка на освежување од 1Hz до 120Hz.

Користењето на понапреден дисплеј кај моделите Pro ќе овозможи имплементација на долгоочекуваната функција „always-on display“, која ќе овозможи прикажување информации за времето, календарот, активностите и другите податоци на заклучениот екран. Во оваа фаза, пониска стапка на освежување е одговорна за зачувување на батеријата.

Кога станува збор за камерите, iPhone 14 и iPhone 14 Plus имаат две камери од 12MP на задната страна со широк и ултраширок сензор, поддршка за OIS. Моделите iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max користат систем на камера составен од главна 48MP, ултра-широк 12MP и телефото сензор од 12MP со 3x оптички зум. На предната страна се наоѓа селфи камера од 12 MP TrueDepth.

Про моделите од серијата iPhone 14 добија надградба на чипсетот на Apple A16 Bionic, додека послабите два телефони сè уште ги користат минатогодишните Apple A15 Bionic чипови. Кога станува збор за RAM меморијата, Apple одлучи да ја зголеми почетната количина на меморија на 6GB. Стандардните модели добиваат тип на меморија LPDDR4X, додека 6 GB LPDDR5 RAM меморија е резервирана за моделите Pro.

Во однос на складирањето, Apple одлучи да ги задржи истите опции како и линијата iPhone 13. Така, iPhone 14 и iPhone 14 Plus добиваат варијанти од 128GB, 256GB и 512GB, додека iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max имаат простор за складирање од 256GB, 512GB и 1TB.

Една од новите функции што ги носи линијата iPhone 14 е „Emergency SOS via satellite“. Функцијата овозможува телефонска комуникација преку сателит во ситуации кога стандардната мобилна врска не е достапна.

Линијата на Apple iPhone 14 пристигнува во неколку варијанти на бои (од кои виолетова е овогодинешниот новитет за iPhone 14 Pro), со почетни цени од 799 долари за iPhone 14 и 899 долари за iPhone 14 Plus. Моделите iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max имаат почетни цени од 999 и 1099 долари.

Apple претстави и нови паметни часовници (Apple Watch Series 8) и безжични слушалки AirPods Pro 2.