Apple ја задржува круната за највреден бренд во светот

Apple продолжува да владее меѓу највредните брендови во светот во 2026 година, според извештајот „Глобал 500 2026“ на „Бренд Фајнанс“ објавен во вторник.

Производителот на iPhone повторно беше највреден бренд во светот со проценета вредност на брендот од 607,6 милијарди долари, што е зголемување во однос на минатогодишните 574,5 милијарди долари, јавува агенцијата „Анадолу“.

По Епл следуваат Мајкрософт со 565,3 милијарди долари и Гугл со 433,1 милијарди долари. Минатата година, Мајкрософт вредеше околу 461,1 милијарди долари, а Гугл вредеше 413 милијарди долари.

Амазон беше четврти меѓу највредните брендови со 369,9 милијарди долари, по него производителот на чипови Нвидија со 184,3 милијарди долари, кинеската фирма ТикТок со 153,3 милијарди долари, американскиот трговец на мало Волмарт со 141 милијарда долари, јужнокорејскиот Самсунг со 119,2 милијарди долари, Фејсбук со 107 милијарди долари и Кинеската државна мрежа (SGCC) со 102,4 милијарди долари.

Листата покажа дека американските брендови доминираат со 192 фирми, по нив следат 68 кинески фирми, 33 јапонски, 33 француски, 26 германски и 25 брендови со седиште во Велика Британија.