Apple ќе ги замени чиповите на Intel со свои

53

pexels-photo-194356Фото: Pexels

Apple планира да користи сопствени чипови во своите Mac компјутери почнувајќи од 2020 година, јавува Reuters.

Технолошкиот гигант од 2005 година наваму ги користи чиповите на Intel за потребите на своите компјутери. Иницијативата наречена Kalamata е сè уште во рана фаза од развојот, но ќе биде значаен дел од големата стратегија на Apple чијашто цел е сите уреди на компанијата да работат беспрекорно.

Моделите Mac играат мала улога во целокупната финансиска слика на Apple, со продадени 19,2 милиони уреди во 2017 година, или вкупно 11% од приходите на компанијата, коишто лани изнесувале 229,2 милијарди долари.

Apple дизајнира сопствени процесори за iPhone од преставувањето на iPhone 4 во 2010 година и континуирано го зголемува обемот на работа во ова поле.