Apple ќе продава делови и алатки за поправка на iPhone и Mac дома

81

Компанијата Apple ќе им дозволи на корисниците на iPhone и Mac да ги поправаат своите уреди дома.

Apple планира да започне со продажба на делови и алатки за поправка на своите уреди, а исто така ќе понуди и инструкции како тоа да се направи дома наместо да се носи во продавница или да се бара услуга од трета страна.

Првично, програмата ќе важи за iPhone 12 и iPhone 13, а потоа и за Mac со M1 процесори. Корисниците на уредите на Apple ќе можат да ги заменат екранот, батеријата и камерата на iPhone користејќи ги оригиналните делови, додека другите опции ќе бидат достапни подоцна.

Ова е огромна работа за Apple, кој традиционално е против поправки надвор од своите продавници.

Apple оваа своја нова програма ја именуваше како Self Service Repair и ќе ја лансира на почетокот на следната година во САД, а потоа ќе ја прошири во други земји. Сепак, беше посочено дека ќе биде наменет за „индивидуални техничари со знаење и искуство во поправка на електронски уреди“ и дека повеќето корисници сепак ќе треба да побараат помош од професионалци.

Сепак, голем чекор е фактот што Apple сега им нуди опција на клиентите кои имаат храброст сами да ги направат поправките.

Самите поправки нема да ја поништат гаранцијата, но тоа може да биде случај доколку дојде до оштетување.