
Американската технолошка компанија Apple ќе се обврзе на дополнителни инвестиции во износ од 100 милијарди долари во производство во Соединетите Американски Држави, објавува Bloomberg повикувајќи се на анонимен извор од Белата куќа.
Се очекува претседателот Доналд Трамп официјално да ја објави оваа вест во текот на денот, додаде изворот на њујоршката агенција.
Apple објави во февруари дека планира да инвестира 500 милијарди долари во американската економија во следните четири години, вклучувајќи ја и изградбата на фабрика во Хјустон. Со новата рунда инвестиции, вкупната вредност на планираните инвестиции се искачува на 600 милијарди долари.











