Apple мора да плати 533 милиони долари казна за патенти

21

File picture of the Apple symbol tinted green at the Apple flagship store on 5th Avenue in New York

Светскиот технолошки гигант Apple мора да плати казна од 532,9 милиони долари откако федералната порота во Тексас утврди дека софтверот на iTunes содржи три патенти на компанијата Smartflash LLC, пишува Ројтерс.

Од таа причина, Smartflash претходно побара отштета во висина од 852 милиони долари.

Apple, од каде што велат дека ќе поднесат жалба, сметаат дека овој судски исход е само уште еден доказ дека се потребни итни реформи на системот за патентирање.

“Одбивме да ѝ исплатиме на оваа компанија за идеја на која нашите вработени потрошија цела година. За жал, немаме друг избор освен да ја докажеме правдата на суд“, велат од Apple.