Apple нуди бесплатно рециклирање на сите искористени производи

85

appleКомпанијата Apple нуди бесплатно рециклирање на сите свои искористени производи со цел да се намали загадувањето предизвикано од уништување на електронските уреди, пренесува Associated Press.

Производителите на iPhone и iPad ги зголемуваат напорите да ја развијат таканаречената зелена страна на компанијата.

Apple веќе дистрибуираше ваучери во дел од нејзините продавници и салони ширум светот кои можат да се искористат како замена за iPhone и iPad кои иако се во добра состојба, можат да се рециклираат.

Оваа идеја за рециклирање е со цел големиот спектар на електронски уреди да не се најдат на депониите, бидејќи нивното уништување ќе ослободи бројни токсини што негативно ќе влијаат на животната средина.

Во изминатите седум години Apple продаде повеќе од една милијарда iPhone телефони, iPod, iPad уреди како и Mac компјутери.

Иницијативата за рециклирање на нивните производи започнува со одбележување на Денот на планетата Земја, 22 април.