Apple одлучи: По 21 година го прекинува производството на iPod touch

72

Музичкиот плеер iPod Touch, уред кој го револуционизира слушањето музика, повеќе нема да се произведува или продава, објави Apple.

Првиот iPod се појави во 2001 година и можеше да складира илјада песни, а денес има повеќе од 90 милиони песни на стриминг сервисот на Apple.

Apple iPod Touch беше дизајниран од истиот тим кој подоцна го измисли iPhone, мобилен кој набрзо го засени музичкиот плеер. Компанијата последен пат го „освежи“ iPod-от во 2019 година.

Имаше неколку модели на iPod во последниве години – вклучувајќи ги и Nano и Shuffle – но iPod Touch, кој се појави во 2007 година, е последниот што се „пензионира“. Apple ќе го продава сè додека не се потрошат залихите.

Првиот модел беше претставен од поранешниот шеф на Apple, Стив Џобс во 2001 година.