Apple отстапи пред движењето #AppleToo за публицитетот, платите и условите за работа

83

Американскиот технолошки гигант Apple го потврди правото на своите вработени да зборуваат за нивните плати и работни услови, објавија западните медиуми. Овој потег доаѓа како резултат на консолидираните напори на персоналот на компанијата да се бранат во таканареченото движење #AppleToo.

Вработените во Apple се борат за ова право од почетокот на 2021 година. Меѓутоа, неодамна ескалираа споровите меѓу нив и раководството на компанијата.

И така, во последните неколку месеци, вработените во американската корпорација избраа да ја нарушат етиката на тајност на компанијата, откривајќи наводни разлики во платите, политиките за далечинско работење и спротивставени одлуки поврзани со вработувањето.

„Apple е посветена да им обезбеди на вработените работно место кое ќе ги натера да се чувствуваат безбедно, почитувано и инспирирано да ја вршат својата работа на најдобар можен начин“, се вели во соопштението на компанијата со седиште во Калифорнија, цитирано од CNN Business.

„Нашите политики не ги ограничуваат вработените да зборуваат слободно за нивните плати, работно време или услови за работа“, велат од Apple.

Во август оваа година, вработената во компанијата Јанеке Периш го создаде движењето #AppleToo за да им помогне на своите колеги подобро да се „организираат и бранат“. Набргу потоа, сепак, таа беше отпуштена од функцијата програмски менаџер на Apple.

На почетокот на овој месец, Периш поднесе жалба до Националниот совет за труд на САД, тврдејќи дека била отпуштена „како одмазда“.

Во октомври, Периш за американските медиуми изјави дека набргу по почетокот на кампањата, групата добила стотици пријави од вработени за наводни прекршувања и неправилности во компанијата.