Apple планира да го купи радио сервисот Swell

44

apple i swell

Технолошкиот гигант Apple се подготвува за преземање на компанијата што стои зад апликацијата Swell, а која е достапна само за корисниците на iOS уреди.

Станува збор за персонализирана апликација слична на сервисот Pandora, но не се работи за апликација за музички содржини, туку акцентот на Swell е ставен на говорни содржини, како што се на пример информативните радио емисии, јавува bug.hr.

Swell има можност за слушање на содржини од сервисите како што се NPR, ABC, ESPN, BBC и други. На основа на историјата на слушање и следење на навиките на корисниците апликацијата составува персонализирана листа за слушање на достапни содржини.

Според договорот за купување вреден 30 милиони долари, компанијата се затвора, а нејзините вработени преминуваат во Apple.

Се претпоставува дека целта на Apple со оваа аквизија е да ја поправи својата Podcast апликација и iTunes услугите за музички содржини.