Apple потврди дека ја презема апликацијата Shazam

13

sh

Фото: Apple

Компанијата Apple потврди дека ќе ја преземе популарната апликација за препознавање песни Shazam, којашто во иднина би била интегрирана во Apple Music.

Apple за порталот Buzz Feed потврди дека ќе го преземе целиот тим на Shazam. Од компанијата велат дека од отворањето на App Store, Shazam е една од најпопуларните апликации за iOS. Исто така најавуваат дека во идните проекти Shazam ќе има важна улога.

“Ние сме воодушевени што Shazam и неговиот талентиран тим ќе се приклучат на Apple. Apple Music и Shazam природно се вклопуваат преку споделувањето на страста за откривање и споделување на одлични музички искуства на нашите корисници“, вели портпаролот на Apple, Том Нојмаер.

Желбата за унапредување на Apple Music е една од основните причини Apple да издвои околу 400 милиони долари за преземање на Shazam.