
Apple објави дека проблемите со прегревање на нивните модели на iPhone 15 биле предизвикани од софтверска грешка што се појавува при користење на апликациите Instagram и Uber.
Aмериканската компанија од Купертино, Калифорнија, објави дека работи на ажурирање на системот iOS17 кој работи на уредите iPhone 15 за да спречи уредите да не станат непријатно жешки додека работат со споменатите апликации, пренесува АП.
Инстаграм, во сопственост на Мета платформи, претходно оваа недела ја измени апликацијата за социјални медиуми за да спречи прегревање на уредите iPhone 15.