Apple ќе го одложи враќањето на своите работници во канцеларијата до датумот кој „сè уште не утврден“, додека на своите вработени ќе им даде 1.000 долари за купување опрема за нивните домашни канцеларии.
Според неколку извештаи, информацијата била споделена со вработените во Apple преку е-пошта од извршниот директор Тим Кук во средата.
Потегот на гигантот од Силиконската долина доаѓа во време на зголемени случаи на Ковид-19 и загриженост за ширењето на варијантата Омикрон.
Претходно оваа недела, Apple повторно воведе заштитна маска во сите свои продавници во САД и, наводно, затвора некои од нив поради зголемените случаи. Неколку компании, вклучително Гугл, Лифт, Убер и Амазон, исто така, постојано ги одложуваа датумите за повторно отворање бидејќи продолжува неизвесноста околу пандемијата. На почетокот на пандемијата, неколку компании, вклучително и Гугл и Фејсбук, исто така им понудија на своите вработени бонуси од 1.000 долари за да помогнат во трошоците за работа од дома.











