Apple повторно руши рекорди: Компанијата пријави историски 123,9 милијарди долари приходи во четвртиот квартал

79

Apple објави рекордни приходи од 123,9 милијарди долари во четвртиот квартал од 2021 година, што е за 11 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Продажбата на телефони и нето добивката на компанијата во последните 3 месеци од 2021 година скокнаа за 20 отсто на 34,6 милијарди, надминувајќи ги проектираните 31,1 милијарди.

Компанијата, исто така, ги надмина очекувањата на аналитичарите во однос на приходите (119 милијарди долари), како и приходите пријавени минатата година (111,4 милијарди долари).

Вредноста на акциите на Apple скокна за 5%, пренесува Фајненшл Тајмс.

Шефот за финансии Лука Маестри изјави за ФТ дека проблемите со синџирот на снабдување кои влијаат на различни делови од економијата го чинат Apple „повеќе од 6 милијарди долари“ приход, што е сличен износ како и во последниот квартал. Инвеститорите очекуваа падот на понудата да биде поблиску за 10 милијарди долари.

Маестри посочи дека се решаваат проблемите во синџирот на снабдување, додавајќи дека очекуваат во март да постигнат рекордни приходи и оти очекуваат приходите да растат солидно во однос на 2021 година.

Технолошкиот гигант, кој достигна пазарна вредност од 3 трилиони долари во еден момент овој месец, рече дека продажбата на телефони сочинувала 58 отсто од вкупниот приход, што е за 9 отсто повеќе од 71,6 милијарди долари пред една година. Аналитичарите очекуваа 67,4 милијарди долари.