Apple претстави нови чипови

71
Apple воведе нови чипови дизајнирани за компјутерите MacBook Pro. Новите чипови M1 Pro и M1 Mac се 70 проценти побрзи од нивниот претходник М1. Новите компоненти ќе и овозможат на компанијата да се префрли на сопствени чипови, наместо оние што досега ги произведуваше Intel.

Минатата година, Apple ја започна транзицијата кон M1 силиконски чипови од сопствено производство во поевтини верзии на Mac. Новите чипови, сепак, претставуваат похрабар потег, чија цел е да ги надмине производите со најдобри перформанси на Intel, пишува Блумберг.

Новите чипови содржат 10 процесорски јадра во споредба со осумте во чипот М1. Apple, исто така ги подобрува графичките перформанси за M1 Pro и M1 Mac, кои имаат 16 и 32 графички јадра, соодветно. Графичките перформанси на M1 Mac се четири пати побрзи отколку на M1 и 13 пати побрзи од претходните модели на Intel.

Покрај новите чипови, Apple вчера ги претстави и своите најнови аудио производи, како и редизајниран MacBook Pro лаптоп со поголем екран, полнење MagSafe и подобра резолуција.