Фото: Pixabay
Apple го презеде стартапот Tueo Health, што стои зад апликација преку којашто родителите може да ги следат своите деца, кои имаат астма, додека спијат, пренесува CNBC.
Ова преземање е уште едно во низата компании што Apple ги зема под своја “капа“, а се занимаваат со услуги во здравствениот сектор.
Се очекува сите новитети на коишто работи Apple да бидат претставени на годишната конференција што ќе се одржи на трети јуни.