Apple продаде рекордни 10 милиони iPhone во првиот викенд

24

iphone6 1

Технолошкиот гигант Apple, во првиот викенд по промоцијата на новите модели, iPhone 6 и iPhone 6 Plus, продаде рекордни 10 милиони паметни телефони.

“Можевме да продадеме и многу повеќе доколку имавме поголеми залихи. Напорно работиме да ги исполниме порачките“, вели првиот човек на Apple, Тим Кук.

Светската јавност со нетпрение ги очекуваше најновите модели на iPhone, чија промоција беше на почетокот на овој месец.

Минатата година, Apple во првиот викенд по промоцијата продаде девет милиони од новите модели iPhone 5 и iPhone 5 S.