Apple се подготвува да лансира iRadio

14

apple-iradioАмериканскиот гигант Apple веројатно ќе лансира музички стриминг сервис iRadio на конференцијата WWDC (Worldwide Developers Conference) која започнува на 10 јуни, откако постигна договор со музичката куќа Warner Music.

Apple ќе воведе бесплатно интернет радио коешто ќе може да се користи на мобилните уреди и ќе биде поврзано со iTunes, со опција за купување на музички содржини, пишуваат американските медиуми. По симнувањето на некоја песна, софтверот ќе може да предвиди што би можело да му се допадне на слушателот, па да му понуди листа на песни од базата на iTunes.

Минатиот месец Apple постигна договор за преземање музика со најголемата издавачка музичка куќа Universal Music, а слични преговори се во тек и со Sony.