Apple се врати на врвот на глобалниот пазар на паметни телефони

144

Apple е повторно водечка компанија кога станува збор за бројот на испорачани телефони, според статистиката од четвртиот квартал од 2021 година.

Претходно, Apple ја врати втората позиција во текот на третиот квартал од минатата година, а сега го надмина Samsung и повторно е на првото место.

Сите споменати резултати се постигнати благодарение на одличните перформанси на серијата телефони iPhone 13, што го покажува и статистиката на аналитичката компанија Canalys.

Canalys ја опишува испораката на линијата iPhone 13 во Кина како „исклучителна и единствена“. Синџирот на снабдување на Apple се опоравува, но компанијата сè уште не може да испорача доволно модели на iPhone за да ги задоволи потребите на пазарот.

Samsung долго време го држеше првото место на пазарот.