Apple со рекордна порачка за производство на iPhone

80

hands-on-kleurrijke-iphone-5c-en-vingerscannende-iphone-5s

Компанијата Apple нарача досега најмасовно производство на двата iPhone мобилни телефони со екрани од 4,7 и 5,5 инчи, што треба да излезат во продажба оваа есен, објави Business Insider.

Според Wall Street Journal, анонимен извор кажал дека од Apple нарачале производство на 70 до 80 милиони паметни телефони што треба да бидат произведени до крајот на годинава. Големината на нарачката ја покажува огромната доверба во продажбата на новиот уред на Apple. Минатата година Apple нарача производство на 50 до 60 милиони iPhone 5S и iPhone 5C.

Зголемените нарачки за производство на iPhone се резултат на партнерството со China Mobile и желбата да се популаризираат овие паметни телефони на нови пазари.

Добавувачите Foxconn и Pegatron ќе започнат со производство на 4,7 – инчниот iPhone следниот месец, додека Hon Hai Precision Industry Co. ќе го започне производството на 5,7 – инчниот iPhone во септември.