Apple со три нови iPhone телефони и нов iPad

273

Технолошкиот гигант Apple ги претстави новите производи за 2019 година. Станува збор за три смартфони iPhone 11, iPhone 11 Pro, iPhone 11 Pro Max, како и нов 10,2 инчен iPad.

Фокусот годинава е ставен на надградби на камерата, но и подобра брзина и подолготрајност на батеријата, пишува New Atlas.

Стандардниот 6,1 инчен iPhone 11, стартува во продажба со почетна цена од 699 долари и е директен наследник на iPhone XR. Доаѓа во шест бои: црна, бела, виолетова, жолта, зелена и црвена.

Другите два телефони 5,8 инчниот iPhone 11 Pro ќе чини 999, додека 6,5 инчниот iPhone 11 Pro Max ќе се продава по 1.099 долари. Истите доаѓаат на место на своите претходници iPhone XS и iPhone XS Max.

Новите телефони се со подобрени екрани и повисока резолуција, камера со три леќи. Според Apple новите телефони ќе имаат четири до пет часа поголема трајност на батеријата од нивните претходници.

Сите три iPhone модели доаѓаат со ноќен режим на работа (Night Mode), новиот A13 ултра брз Bionic процесор како и оперативниот систем iOS 13.

И iPad-от годинава има сопствен оперативен систем за прв пат – iPadOS.

Екранот е зголемен и сега има и поголем екран, 10,2 инчи, а цената останува иста 329 долари.

Фото: Apple