Apple треба да плати казна од 10 милиони евра во Италија

12

Италијанското регулаторно тело за конкурентност на американскиот технолошки гигант, Apple, му изрече парична казна од 10 милиони евра поради “агресивна и измамничка“ комерцијална пракса поврзана со паметните телефони.

Во огласите за неколку модели на iPhone, Apple тврди дека се водоотпорни не наведувајќи дали тоа вреди само за одредени околности, стои во соопштението на италијанскиот регулатор.

Компанијата ги изиграла клиентите и со изјавата за откажување од одговорност, во којашто се наведува дека нејзините телефон не се покриени со гаранција во случај да се појави штета од допир со течност, а Apple не им обезбедил помош на клиентите во таков случај.

Од Apple не сакале да го коментираат овој случај.

Фото: Freepik