Американскиот гигант Apple е прогласен за виновен дека се договарал со големите издавачи во САД да ги подигне цените на е-книгите и би можел да плати голема сума за казна. Судиката Денис Кот објави дека ќе се одржи уште еден процес за одредување на оштетата што ќе треба да ја плати компанијата.
Јавното обвинителство го обвинува Apple дека кон крајот на 2009 година се договарал со пет издавачи, Macmillan, Penguin, Hachette, HarperCollins и Simon & Schuster за да ги подигне цените на е-книгите, пред лансирањето на нивниот iPad и iBookstore. Американското министерство за правосудство смета дека целта им била да ја намалат доминацијата на Амазон на пазарот. Судиката наведе дека некои книги кои Амазон ги продавал за 9,99 долари, кај Apple чинеле 12,99 или 14,99 долари.
На суд заврши само Apple, додека издавачите се нагодија со владата и државите. Apple најави дека ќе се жали на пресудата.
“Кога го воведовме iBookstore во 2010 година, им дадовме на клиентите повеќе избор, инјектирајќи ја многу потребната иновација и конкуренција на пазарот, кршејќи ја монополската контрола на Амазон во издавачката индустрија. Не направивме ништо лошо и ќе поднесеме жалба на одлуката на судијата”, стои во соопштението од Apple.