Apple вработи експерт за вештачка интелигенција од Google

23

Еден од најголемите експерти за вештачка интелигенција во Google, Иан Гудфелоу ја напушти матичната компанија за нова директорска работа во Apple, пишува CNBC.

Неговото вработување има за цел да ја зајакне експертизата на компанијата во полето на вештачка интелигенција, што пак би придонело за подобрување на софтверот и харверот на Apple. Гудфелоу ќе биде одговорен за специјални проекти поврзани со овој вид на технологија. Освен развивање на вештачка интлигенција за системи како FaceID и Siri, технолошкиот гигант работи и на технологија за автономни возила.

Новиот член на Apple е “татко“ на пристапот познат како generative adversarial networks, или GAN, којшто се користи за правење на лажни медиумски содржини.

Фото: Facebook