Apple Watch Pro ќе биде лесен, голем и ќе има нов дизајн

54

Новинарот на Блумберг, Марк Гурман се осврна на паметните часовници на Apple во неговиот неодамнешен билтен Power On, велејќи дека компанијата ќе објави дури три од нив оваа година – Apple Watch 8, освежениот SE модел и робусниот Apple Watch Pro.

Бидејќи долго време се очекуваше робусниот Apple Watch, Гурман конкретно го опиша, бидејќи, како што тврди, ќе дојде со значителни промени и целосно нов дизајн. Една од тие промени секако се димензиите на часовникот.

„Ми рекоа дека ќе биде малку поголем од стандардниот Apple Watch. Екранот ќе биде околу 7 проценти поголем, а часовникот ќе има освежен дизајн за прв пат од 2018 година. Тоа ќе биде еволуција на сегашната правоаголна форма, но нема да биде тркалезна“, забележува Гурман.

Дополнително, како што претходно кажа Гурман, екранот на Apple Watch Pro ќе биде поотпорен на удари и гребаници, а неговото куќиште ќе биде изработено од издржлив и лесен титаниум. Благодарение на неговите поголеми димензии, се претпоставува дека ќе има и поголема батерија, што ќе резултира со подобра автономија.

Заедно со напредното следење на екстремните спортови, Apple Watch Pro ќе доаѓа и со сосема нови и подобрени сензори за следење на здравјето, вклучително и еден за мерење на телесната температура. За потсетување, часовникот би требало да чини околу 900 долари, а Гурман предупредува дека сепак може да биде преголем за некои корисници.