Apple Watch Pro ќе чини помеѓу 900 и 999 долари

38

За излегувањето на робусниот Apple Watch се зборуваше од март минатата година, а како што одминува времето се повеќе информации протекуваат во јавноста. Репортерот на Bloomberg, Марк Гурман, во својот претходен билтен за Power On, објави дека паметниот часовник на Apple наменет за екстремни спортисти ќе се вика Apple Watch Pro.

Според Гурман, Apple Watch Pro ќе им обезбеди на корисниците куќиште направено од титаниум и ќе има напредно следење за екстремни спортови, како што се пливање и планинарење. Покрај тоа, ќе доаѓа со поголема батерија и целосно нови и подобрени сензори за следење на здравјето, вклучувајќи и еден за мерење на телесната температура.

Екранот треба да биде поголем од оној што се наоѓа на актуелниот Apple Watch Series 7 и, се разбира, ќе биде поотпорен на кршење и гребаници. Со робустен паметен часовник, компанијата ќе ги таргетира љубителите на екстремните спортови, кои инаку би избрале од конкурентите Garmin или Suunto.

Ако му се верува на Гурман, тоа ќе биде навистина најдобриот паметен часовник на Apple, но и неговата цена. Имено, репортерот на Bloomberg тврди дека Apple Watch Pro ќе чини помеѓу 900 и 999 долари, што би можело многумина да одврати да го купат.