Apple за една година заработил 394,3 милијарди долари

43

Заработката од 90,15 милијарди долари во третиот квартал на американската компанија Apple ги надмина претходните очекувања (88,90 милијарди) и е уште поголема за 8,1 отсто во споредба со истиот период лани. Заработката по акција на компанијата изнесува 1,29 долари, беше истакнато во објавениот финансиски извештај.

Во набљудуваниот тримесечен период е остварена продажба на модели на iPhone во вредност од 42,63 милијарди долари, што е нешто пониско од предвиденото (43,21 милијарди), но со годишен раст од 9,67 отсто.

Растот на продажбата од година во година се должи на воведувањето на новиот модел, iPhone 14, но неговата продажба не ги исполни целите.

Apple не даде официјални упатства за следниот квартал, кој трае од октомври до декември и традиционално е најголемата продажна сезона во годината. Компанијата престана да ги открива целите за последниот календарски квартал уште во 2020 година, кога започна пандемијата на коронавирус, повикувајќи се на деловна несигурност.

Сепак, финансискиот директор на Apple, Лука Маестри  им даде на инвеститорите некои податоци што предизвикаа вредноста на акциите веднаш да падне на берзата.

Местри рече дека вкупниот приход во однос на претходната година ќе порасне во декември за помалку од 8,1 отсто што беа прикажани во последниот квартал. Тој додаде дека продажбата на Mac всушност ќе падне во декемврискиот квартал на основа од година во година.