АППТ: Државата ќе организара обуки за туристички работници

83

На иницијатива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата со препорака за организирање на обуки од страна на државните институции во Република Северна Македонија.

Со истата се препорачува на сите државни институции кои имаат фискални импликации во своите буџети за оваа намена, да ги организираат обуките во нашата земја.

Целта на препораката која потекнува од АППТ а со истата е засегнат туристичкиот сектор ќе допринесе за раст на домашните туристи и зајакнување на домашниот туризам.

Поради времетраењето на обуките за државни службеници се очекува индиректно да се зголеми бројот на ноќевања, остварени од домашните туристи. Македонија има што да понуди, хотелите во Берово, Маврово, Гевгелија, Крушево и остнати дестинации имаат капацитет за конференции, обуки, тим билдинг и семинари.

На овој начин ќе се направи диверзификција и туризмот ќе може рамномерно да се развива, а да не биде концентриран во двата најголеми туристички региони. Покрај запознавање на својата земја и нејзините убавини со оваа мерка реално ќе се влијае во зајакнување на локалниот економски развој и зголемување на приходите од туризмот во БДП на Македонија.

За првите шест месеци од 2019 година зголемувањето на бројот на туристи продолжува за 4%, додека ноќевањата за 2%, споредбено со 2018г. И тоа, бројот на домашни туристи е зголемен за 5%, додека кај бројот на странски туристи има пораст од 4%. Бројот на ноќевања остврени од домашни туристи имаат пораст од 1%, додека остварени ноќевања по основ туризам од странски туристи имаат зголемување од 3%.