Apricoat, иновативна јакна за авантуристи

41

apri

Фото: Kickstarter

Apricoat е јакна за авантуристи со иновативни карактеристики. Јакната е направена од авантуристи кои две години работеле на нејзиниот дизајн имајќи ги предвид потребите на луѓето кои се соочуваат со различни авантури. Apricoat е лесна, водоотпорна, тенка и топла  јакна. Уникатниот дизајн ја распределува тежината на сè што се наоѓа во џебовите од јакната.

Во неа се наоѓаат џебови во коишто може да се сместат GPS локатор, соларна батерија, телефон, таблет, пенкало, прва помош, а исто така има и резервоар којшто собира два литри вода.

Качулката може да се надува и на авантуристот да му послужи како перниче за дремка. Во неа се сошиени алки за итни случаи за коишто може да се закачи јаже.

Поставена е на платформата за групно финансирање Kickstarter каде треба да собере 50.000 долари, до крајот на капањата остануваат уште десет дена и веќе имаат собрано 1.194.375 долари.