Aquaforno II – мултифункционална пренослива печка за готвење

108

aquaforno-ii-2mb-400x226Фото: Aquaforno

Преносливата скара Aquaforno II е модел на најновата генерација преносливи печки за готвење. Таа содржи делови коишто овозможуваат правење на скара, има ротирачка кутија за чадење на месо, печка за пица, па дури и делови коишто можат да служат за подготовка на течна храна, и сушење на водени алишта.  Aquaforno II е отворен, пренослив систем за готвење и се склопува за помалку од три минути.

Скарата има и сад за чување на храната, четири прилагодливи висини за готвење за различни видови храна. Овозможува подготовка на широка палета јадења, освен скари, пици, таа може да користи и за подготовка на јајца, чорби, па дури и за печење на леб.

Препорачлива е за користење на семејства кои често одат на пикник, за кампери, авантуристи, планинари…

Скарата има и модерен дизајн, вклучува двојно изолиран капак за подобрена стабилност на температурата, а неговиот прилагодлив вентилатор и термометар овозможуваат контрола на температурата.

Претходната линија од производот ја освои наградата Кампувачки производ на годината на наградите за надворешна индустрија на Велика Британија во 2017 година и беше признаен како врвен кампувачки производ на The Gadget Show Live.

Производот е дело на компанијата Aquarfano, основана во 2011 година од Тим Родес и Карен Џенкинс.

Aquaforno II има своја кампања на платформата Indiegogo и досега има собрано 77.440 долари, а првично беа побарани 25.000. Кампањата трае уште еден ден.