Aquair – уред за собирање на вода од воздухот

26

untitledФото: Youtube

Недостигот од чиста вода е голем проблем во многу земји. Сушните предели не се единствени што имаат проблем со водата, истото се случува и во предели со голема влажност. За да помогнат во решавање на овој проблем, студенти од Универзитетот Cheng Kung во Тајван го креираа Aqiair – пренослив уред за собирање на вода од самиот воздух. Тој е дизајниран за користење во тешко достапни места со тропска клима, пишува Inhabitat.

Aquair лесно се мести и иако може да се користи за многу цели, студентите го создадоа прототипот конкретно за кризата со вода во Хондурас. Проблемот е тоа што подземната вода во овие предели честопати е загадена, а оваа ситуација се рефлектира и во руралните планински делови на Тајван.

Како и повеќето системи од овој тип, за да ја собере водата Aquair користи специјална ткаенина со мрежа којашто се растегнува преку структура од бамбус со цел да го зголеми воздушниот проток.

Најважниот елемент во дизајнот на системот Aquair е вентилаторот и малечката центрифуга којашто ја користи гравитацијата за да функционира. На самата структура е закачена тежина од 30 килограми за да се повлече собраната водена пареа по цевка и на крај таа се складира во кофа.