Aquatecture – панел што ја собира дождовницата во урбани средини

81

Шакира Јасат, дизајнерка со потекло од Јужна Африка, креираше панел за собирање и искористување на дождовница, којшто може да се користи во густо населени урбани места.

Aquatecture е решение за земји коишто имаат проблем со недостаток на вода, како родниот град на дизајнерката Шакира, Кејптаун.

Дизајнерката мометално работи во своето студио Studio Sway, коешто се наоѓа во Холандија, пишува Dezeen.

Нејзиниот изум овозможува жителите на урбаните места да ги задоволат своите потреби преку пренасочување на дождовницата во системот на прочистување на зградите каде се прочистува и отпадната вода од домаќинствата.

Панелите се изработени од нерѓосувачки челик поради отпорноста и издржливоста на материјалот. Самиот дизајн на панелите овозможува истите да се стават каде што просторот е тесен.

Фото: Pixabay