Aramco имун на криза – профитот скокна

68

Енергетскиот гигант Сауди Арамко забележа втора најголема нето добивка од нејзиното влегување на берзата, благодарение на зголемените цени на нафтата и гасот, иако нејзиниот бизнис со рафинирани горива и хемикалии страда од глобалното економско забавување.

Нето добивката на Aramco во третиот квартал изнесуваше 42,4 милијарди долари, што е малку помалку од рекордната заработка од 48 милијарди долари во претходниот квартал, но за околу 40 отсто повеќе од истиот период во 2021 година, објави Блумберг.

Компанијата контролирана од државата ја задржа дивидендата, инаку најголемата во светот, непроменета на 18,8 милијарди долари за третиот квартал, и покрај тоа што забележа рекорден слободен готовински тек од 45 милијарди долари.