Арапи и Украинци заинтересирани за Галеника

27

galenika

Арапската фармацевтска компанија Јулфар и украинската Артериум се заинтересирани за стратешко партнерство со српската Галеника, дознава Блиц.

Компанијата Јулфар од Абу Даби е заинтересирана за производство на инсулин, кој инаку не се произведува во Србија. Оваа фирма е водечки произведувач на инсулин во северна Африка и Азија, а со влегувањето во Србија ќе направи продор во Европа. Јулфар произведува 470 различни лекови, најмногу инсулин, антибиотици, лекови за кардиоваскуларни болести, болести на белите дробови и кожни болести.

Украинската фармацевтска компанија Артериум е заинтересирана за изградба на погон за раствори за инфузија и производство на природни лекови. Украинците произведуваат 140 лекови и извезуваат во Казахстан, Узбекистан, Белорусија и Русија.

Галеника е единствената државна фармацевтска компанија во Србија. Тендерот за продажба е објавен во декември 2012 година. Во последните четири години, компанијата акумулира загуба од 216 милиони евра.

Галеника има околу 250 сопствени или лиценцирани производи со кои ги покрива сите фармацевски групи на пазарот за лекови и суплементи.