Арапите во Србија ќе градат најголем карго центар на Балканот

36

aerodrom nikola teslaПосетата на шеикот Мухамед ал Зајед и неговите соработници на Копаоник резултираше со бројни договори за инвестирање на компании од Абу Даби во Србија. Освен конкретизација на преговорите врзани со инвестициите во аграрот, направен е и чекор напред во договорите за изградба на карго центар и влегување на Јат ервејз во мрежата на авиокомпанијата Етихад, пишува Блиц.

Принцот престолонаследник на Обединетите арапски Емирати, на повик на потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ, во приватна посета поминал три дена на Копаоник, а со себе донел и непосредни соработници.

Како што пишува Блиц, на Копаоник се зборувало дека приватни инвеститори се заинтересирани на аеродромот Никола Тесла да направат голем карго терминал, кој би имал општа намена. Пред се, би служел за превоз на овошје и зеленчук произведени во земјоделските комбинати во Војводина, но би се користел и за подготовка на пренос на бројни извозни производи.

На почетокот на годинава беше договорено емиратската компанија Ал Дахра да стане мнозински сопственик на осум земјоделски комбинати во Србија. Шеикот тогаш изразил желба да инвестира 150 милиони евра и во производство на сложени борбени системи, а инвеститори од Емиратите се заинтересирани за инвестиции и во Јат техника.