Арцелор Митал со загуба од над 317 милиони денари го заокружи првото полугодие

46

arcelormittal

Компанијата Арцелор Митал (ЦРМ) оствари загуба од 317.626.000 денари во период од 01.01. до 30.06. оваа година, покажуваат податоците од билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Загуба од 300.265.000 денари евидентираше Арцелор Митал (ЦРМ) во истиот период лани.

Приходите од продажба се на ниво од 2.097.965.000 денари, од кои 352.172.000 отпаѓаат на домашниот пазар, додека остатокот од 1.745.793.000 денари се реализирани на странски пазар.

Кај Арцелор Митал (ХРМ) загубата во првите шест месеци од 2014 е на ниво од 66.281.000 денари, додека во истиот период лани беше 16.715.000 денари.