Зголемената употреба на батериите од литиум ги поттикна мултинационалните рударски компании да ја зголемат експлоатацијата на овој метал во Аргентина, која заедно со Чиле и Боливија чинат 70% од светските резерви, пишува канадски La Presse.
Експлоатацијата на литиум не е дозволена во Боливија поради противењето на локалното население, додека Чиле повеќе не издава дозволи за нови концесии.
“Аргентина во покраините Катамарка, Салта и Хуруи располага со огромни количини на најквалитетен литиум во светот“, изјави аргентинскиот министер за рударство, Хорхе Мајорал.
Во Аргентина има околу 128 милиони тони потенцијален литиум карбонат, којшто е витален елемент за производство на батериите. Голем број американски, јапонски и јужнокорејски компании веќе инвестираат во производство на литиум во Аргентина.
Во текот на минатата година, вкупната побарувачка за литиум достигна 170.000 тони литиум карбонат.