Аргентина сака да се приклучи кон BRICS

33

brics

Аргентина сака да влезе во состав на земјите BRICS – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република. Оваа Унија на земји е загрижена поради фактот што Аргентина се соочува со огромен надворешен долг од над 130 милијарди долари.

За Аргентина, влезот во BRICS значи финансирање со поповолни услови од оние што ги нудат меѓународните институции.

Амбасадорот на Индија во Аргентина, Амаренд Кату, потврди дека за тоа прашање потврден одговор дадоа Бразил, Индија и Јужноафриканската Република, додека Русија и Кина се уште ја разгледуваат иницијативата на Буенос Аирес.

Земајќи ја во предвид важноста на земјите од BRICS во меѓународната трговија, финансиските организации на оваа асоцијација ќе и помогнат во закајнување на статусот на валутите на земјите членки – рубљта, јуанот, реалот, рупиите и рандата.

Индија и Кина се заинтересирани за потесна соработка со Аргентина. Пекинг веќе активно соработува со официјален Буенос Аирес, кој е голем доставувач на соја за Кина. Освен тоа, Пекинг вложува значајна сума на средства за изградба на прекуокеански коридор и во тој проект се надева на Аргентина.

Меѓународниот монетарен фонд во следните години нема да биде единствена институција во светот што може да понуди меѓународна финансиска помош.

Земјите од BRICS ќе основаат алтернативни институции – сопствен монетарен фонд, развојна банка и заеднички девизни резерви. Тоа би требало да им помогне на земјите од BRICS да воспостават заедничка соработка без посредство на американскиот долар.