Аргентина започнува со производство на литиумски батерии во септември

78

Првата фабрика за литиумски батерии во Аргентина ќе започне со работа во септември, а ќе користи суровини ископани во оваа земја од американската компанија Livent Corp.

Ливент се согласи да испорача литиум на новата фабрика, изградена од Y-TEC, подружница на аргентинската државна нафтена компанија YPF, пренесува Ројтерс.

– Ќе започнеме со производство на првите ќелии за литиум-јонски батерии во земјата – изјави Роберто Салварека, претседател на Y-TEC во соопштението објавено од Владата на Аргентина.

Фабриката ќе користи литиум карбонат ископан во северна Аргентина.

Аргентина е четврти по големина производител на литиум во светот и привлече бројни инвестиции во оваа област.

Оваа земја заедно со Чиле и Боливија ја формираат т.н „литиумскиот триаголник“, кој ги содржи најголемите резерви во светот на овој метал, кој е клучен за производството на батерии.