Во соработка со мајките – победнички на натпреварот Мајките одобрија, Аргета ќе додели грант од 18.000 евра за избраните хуманитарни организации што се стремат кон подобра иднина за жените, децата, фамилиите во шест земји низ регионот. Во Македонија, како и во другите земји, за добри цели ќе бидат доделени 3.000 евра. Клучната улога во доделувањето на донацијата ќе ја одигра пошироката јавност, бидејќи финансиската поддршка ќе ја добие организацијата што ќе собере најмногу гласови на фејсбук-страницата Аргета Македонија.
Првата „мисија“, за која се состанаа 18 мајки од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Косово, беше проверка и потврдување на квалитетот на Аргета. Заедничкото искуство ги поврза мајките и создаде блиски врски меѓу нив, па тие со задоволство одговорија на иницијативата за надградба на проектот „Мајките одобрија“ со добротворна акција. На секоја од мајките ѝ беше дадена можност да предложи, во согласност со сопственото размислување, хуманитарна организација што се стреми кон подобра иднина за жените, семејствата или децата. Така, во секоја од шесте држави беа презентирани три филантропски организации.
Аргета-мајките номинираа три домашни организации со благородна мисија. Тие ја презентираа организацијата зад која застанаа и причината за ваквиот избор преку фејсбук-страницата Аргета Македонија, каде што ја поканија јавноста да им се приклучи и да ја искаже својата поддршка за следниве организации:
СОС Детско село, ЈУ Дом за деца без родители „11 Октомври“, Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ)
Повеќе информации за македонските организации може да откриете на социјалната мрежа Фејсбук (www.facebook.com/ArgetaMakedonija). Може да ја искажете својата поддршка за, според вашето мислење, омилената и најзаслужна организација на која ќе ѝ го подарите својот глас. Ќе може да гласате секој ден од 1 до 31 октомври 2013. Идејата на добротворните акции е да се обрне внимание на современите проблеми.
Аргета, бренд на Дрога Колинска – членка на Атлантик Група, ќе ѝ даде грант од 3.000 евра на секоја од шесте земји во регионот, според изборот на пошироката јавност.
“Во Дрога Колинска помисливме зошто не би им ја понудиле на Аргета-мајките можноста да ни помогнат во нашите добротворни намери. На овој начин, не само што ќе ги исполниме нашите заложби и одговорност кон општеството, туку и ќе ги истакнеме темите и прашањата со кои се соочуваат мајките и нивните деца во целиот регион“, објасни Ензо Смрекар, член на компаниското раководство на Дрога Колинска и извршен директор на работната програма “Деликатесни намази“ во Атлантик Група.
Повеќе информации за проектот на: http://www.majkite-odobrija.mk/mk