Архитект од Кина ја изгради најнеобичната канцеларија на светот, користејќи илјадници рециклирани шишиња од пиво, пишува Inhabitat.
Ли Ронгјунг се погрижи неговата канцеларија да биде уникатна, па за таа идеја му беа потребни 8.500 рециклирани шишиња од пиво, четири месеци работа и околу 11.000 долари за да се заврши. За да ја оствари целта, Ли доби поддршка од неговиот татко, кој инсталираше 40 слоеви шишиња за да може да се формира силна структура на објектот.
“Не е важно дали ќе успеам или не, но сакам да го исполнам мојот сон. Сакав да изградам уметничка и употреблива канцеларија. Овој објект е мојата бизнис картичка за во иднина и ќе им помогне на инвеститорите да се запознаат со мојот талент и она што го работам“, вели Ли.